Неизвесно е дали Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на наредниот самит на НАТО кој ќе се одржи во Брисел на 12-13 Јули. Челниците на ЕУ стравуваат поради цврстиот став на Трамп, според кој останатите членки треба да ги зголемат воените буџети, односно дека САД се грижи за нивната безбедност.
Доналд Трамп порача дека Европа неможе да ја користи САД за своја безбедност, додека во исто време САД мора да им ја финансира економијата со огромни трговски дефицити. Се почна со бурниот однос на дете страни поради трговската војна.
„Односот на европските партнери е нефер, од една страна ние плаќаме за безбедноста на нивниот контитнент, од друга страна тие се поретко партиципираат во војната против тероризмот, а капак на се е дека нашата економија, истата економија која ги брани, должна е да им ја финансира економијата. Понатаму вака неможе.“ изјави Трамп за Гардијан.