Американскиот сенатор Џек Рид, демократ од Род Ајленд, вчера изјави дека Северна Кореа останува нуклеарна закана, и покрај фактот дека се прекинати воените маневри на САД и Јужна Кореа. На овие критики се надоврза и Чак Шумер, лидерот на демократите во Американскиот Сенат, според кого Претседателот Трамп ја прифатил фрлената ракавица од Ким Јонг Ун, кој со преговорите не само што добил меѓународен легитимитет, туку ја зголемил и сигурноста на сопствениот режим.
Информациите дека Ким бил иницијатор за преговорите, Трамп ги прогласи за „лажни вести“ додавајки дека при решавањето на споровите, мирот мора прв да има шанса, без разлика на легитимитетот на властите со кои се преговара. Одговорајки на обвинувањата од Шумер и Рид, Трамп додаде дека цела Азија, а поготово американските сојузници во пацификот, го се радуваат поради средбата Трамп-Ким како и поради постигнатиот договор. Според Трамп, САД досега имале погрешен пристап кон проблемот со Северна Кореа бидејки односите им биле препуштени на посредници, најчесто на Кина и Јужна Кореа. Според усвоениот договор, Северна Кореа се обврзува дека ќе го де-нуклеаризира сопствениот воен арсенал, додека САД се обврзаа дека нема да одржуваат воени маневри со Јужна Кореа, но и дека ќе го намалат своето воено присуство во целиот регион.
Трамп кој е во многу лоши односи со големите медиуми, чии редакции влечат потекло најчесто од невладиниот сектор на Сорос, или пак се во сопственост на одредени арапски инвеститори, засега останува претседател кој не отпочнал ниедна војна.