Свет 26. март 2018. / 15:33

Документарен филм за Владимир Путин

Документарен филм за Владимир Путин

„Путин“ е насловот на новиот документарен филм кој ќе ви го промени мислењето за првиот човек на Русија засекогаш!

Во овој филм режисерот Андреј Кодрашев ќе навлезе подлабоко од било кој новинар, колумнист, аналитичар па и колега режисер во политичкиот живот на тазе енагурираниот старо-нов претседател Путин.

Од деновите во КГБ до борбата против тероризмот, од трагедијата во Круск до денешните случувања.

Ќе се зборува и за обидите за атентат врз претседателот кои никогаш претходно не биле обелоденети в јавноста!

Филмот ќе биде најдетално отсликување на животот на Путин досега. – вели Кодрашев.