Германската Дојче Банк во вториот квартал оствари загуби во висина од 3,15 милијарди евра.
Според германски Билд, за загубите постојат, добри причини, а тоа е радикалното реструктуирање на банката, објавенo порано од страна на шефот на банката, Кристијан Севинг.
Севинг рече дека ова реструктуирање билансот на банката е оптоварен за 3,4 милијарди евра.
–Без овој товар Дојче Банк би остварила профит – објаснува Севинг.
Без трошоците за реструктуирање, приходот, без данокот, ќе изнесува 231 милиони евра. Приходите на банката паднаа за шест проценти, а загубата е поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите.
Пред се, тргувањето со акции и хартии од вредност донело помалку приходи.
Повеќе од 900 вработени во Дојче Банк добија известување во последниве неколку денови, дека им се раскинува договорот за работа или им се укинува работното место. Први кои беа отпуштени беа вработените во Лондон и Њујорк, а и во Германија е планирано значително намалување на вработените.
Новата стратегија, за која Севинг доби зелено светло, предвидува намалување на ризикот и поголем фокус на клиентите.