Претставници од 50 земји и повеќе од 150 компании потпишаа во Париз договор за борба против сајбер криминалот, вклучувајќи мешање во изборите и говор на омраза, но меѓу нив не беа Соединетите Американски Држави, Русија и Кина, пренесе „АП“.
Потписниците се обврзаа дека ќе работат заедно за да спречат незаконски активности, како што се кражба на трговски тајни, но и цензура на интернет.
Договорот беше осмислен по иницијатива на францускиот претседател, Емануел Макрон, а меѓу другото го поддржаа и членките на Европската Унија, Јапонија и Канада, како и гигантите „Мајкрософт“ и „Гугл“.