Верувале или не, Боливија издаде предупредување до населението поради зголемена опасност од студ.
Властите издадоа предупредување во шест од вкупно девет региони.
Националната метеоролошка и хидролошка служба (Сенамхи) прогласи портокалов аларм во западниот дел на земјата поради силни ветришта и снег.
–Ситуацијата е најлоша во регионите Ла Паз, Оруро и Потоси – изјави метеорологот Данило Помиер.
Неколку големи патишта се привремено затворени, меѓу кои и Ла Паз – Кочабамба, кој е непрооден поради магла и снег.
Предупредувањето е во сила се до четврток или петок кога се очекува прекинување на врнежите и пораст на температурата.
Во меѓувреме, во Франција, Белгија и Холандија се измерени екстремно високи температури.