Свет 07. јули 2020. / 13:57

Доброволците во Русија коишто примија вакцина против корона вирус се чувствуваат добро

Доброволците во Русија коишто примија вакцина против корона вирус се чувствуваат добро

Доброволци кои пред две недели примија вакцина против корона вирус во воената болница Бурденко, се чувствуваат добро и не пријавиле никакви несакани ефекти.

Пред две недели втора група доброволци прими вакцина против коронавирус во рамки на испитувањата, кои ги споведе руското министерство за одбрана и Националниот истражувачки центар за епидемиологија „Гамалеј“, а сите меѓу нив се со добра нздравствена состојкба и не пријавиле никакви компликации ниту несакани ефекти – соопштија од руското министерство за одбрана.

Доброволцитеќе останат во болница уште две недели, а на 21 ден од почетокот на испитувањето, ќе примат втора доза вакцина. Се смета дека втората доза на вакцината би требало дополнително да го зајакне имуниот систем и да ја продолжи заштитата од корона вирусот.

Сите доброволци се под карантински медицински надзор и поминуваат лекарски тестови секој ден.