Свет 31. август 2018. / 14:49

До крајот на септември ќе биде урнат паднатиот мост во Џенова

До крајот на септември ќе биде урнат паднатиот мост во Џенова

Уривањето на мостот Моранди во Џенова, каде загинаа 43 луѓе, при пад на една делница, пред две недели, ќе започне за помалку од 30 дена, објави регионалниот гувернер.

На прес-конференција, гувернерот на Лигурија Џовани Тоти рече дека распоредот за уривање на мостот ќе почне побрзо од очекуваното – за околу 30 дена.

Планот треба да се финализира шред да биде одобрен и да се почне со уривање до крајот на септември.

Уривањето ќе почне со источниот столб, кој е распаднат од падот на 14 август. Експертите ќе го урнат мостот со експлозив и машинерија, пред да почнат да го уриваат западниот столб дел по дел.

Минатата недела истражителите побараа итно уривање на мостот, затоа што има голем ризик од непланирано уривање на самите столбови.