Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, најави дека сите големи ограничувања кои се однесуваат на корона вирусот во главниот град на Русија ќе бидат укинати овој месец.
Собјанин нагласи дека салоните за убавина и ветеринарните клиники ќе бидат отворени утре, музеите и терасите на кафулињата од 16 јуни, а фитнес центрите и рестораните од 23 јуни.
Собјанин истакна и дека од утре ќе бидат укинати и правилата за самоизолација и издавањето дозволи за патувања.
Градоначалникот додаде дека сите жители на Москва, вклучувајќи ги и оние на возраст над 65 години и луѓето со хронични заболувања, ќе можат слободно да се движат низ градот и да посетуваат јавни места.