Свет 18. февруари 2021. / 10:09

До 30 години затвор за тројца џихадисти во Париз: Планирале терористички напад

До 30 години затвор за тројца џихадисти во Париз: Планирале терористички напад

Тројца џихадисти се осудени од Специјалниот суд за кривични дела на Париз со казни од 22 до 30 години затвор, јави дописникот на МИА.

Осудени се двајца Французи и еден Мароканец и на сите тројца им се судеше за „здружување со цел подготовка на терористички напади“.

Стразбуржанецот Хишам Макран беше осуден на 22 години затвор, неговиот пријател од детството Јасин Бусерија на 24 и Мароканецот Хишам Ел-Ханафи на максимална казна од 30 години затвор.

Макран и Јасин Бусерија, двајцата на возраст од 41 година и Хишам Ел-Ханафи, 30 години, беа уапсени за неколку часа еден по друг, првите двајца во Стразбур, а третиот во Марсеј.

Според претставникот на антитерористичкото обвинителство, Бенжамин Шамбре, ова е „најамбициозна судска операција на Франција во областа на антитероризам“, „Улис“ не ги откри сите свои тајни за време на судењето кое траеше повеќе од две недели