Директорот за комуникации во Белата куќа, Бил Шајн, поднесе оставка.
-Бил Шајн синоќа поднесе оставка, соопшти портпаролката на американскиот претседател, Доналд Трамп, Сара Сандерс.
Таа додала дека Шајн ќе продолжи да го поддржува Трамп и неговата програма и дека ќе работи како висок советник во кампањата на Трамп за следните претседателски избори во 2020 година.
Трамп во соопштението навел дека Шајн направил исклучителна работа додека работел со него и дека се радува на соработката во кампањата со него.
Бил Шајн е поранешен директор на „Фокс њуз“.