Свет 23. април 2018. / 22:49

Девојчето кое го преживеа нападот во Манчестер, една година подоцна излезе на сцена и ги расплака сите

Девојчето кое го преживеа нападот во Манчестер, една година подоцна излезе на сцена и ги расплака сите

Тринаесет годишната Холи Бут која ги повредила нозете за време на терористичкиот напад во Манчестер кој се случи минатата година, се појави на сцена со својата танчерска група и ги остави сите без зборови.

Девојчето кое по нападот на концертот на Аријана Гранде, е во инвалидска количка не се откажува од она што најмногу го сака, танцот.

Со група девојчиња на возраст од 10 до 24 години, смислиле кореографија според која и таа ќе може да учествува во танцот. Тие и дадоа поддршка на малата Холи, па и тие во настапот играа со инвалидски колички.