Свет 14. август 2018. / 16:28

Детали за уривањето на мостот во Италија: Загинаа над 22 лица

Детали за уривањето на мостот во Италија: Загинаа над 22 лица

Клучен мост се урна во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти полицијата, а досега најмалку 22 лица загинаа.

Мостот, кој е дел од автопат, е висок околу 100 метри и весникот „Кориере дела сера“ објави дека има затрупани луѓе.

Од мостот се урнал среднишниот дел, под кој има огромни количества бетон.

Според некои информации, неколку возила можеби паднале од мостот при неговото уривање.

Познат под името Моранди, мостот е изграден во 1960 година и весникот „Ла Република“ објави дека тој дел од градот е густо населен.