Свет 21. мај 2018. / 16:59

Десетина починати и стотици затруени од отровни печурки во Иран

Десетина починати и стотици затруени од отровни печурки во Иран

Повеќе од 800 луѓе се затруле од отровни диви печурки во 10-ина провинции во западниот дел на Иран. Најмалку 11 луѓе починале од труењето и стотици биле хоспитализирани.

Најмалку на две лица им била извршена трансплантација на црниот дроб. Луѓето биле предупредени да купуваат само спакувани и запечатени печурки.

Според некои медиуми, во Иран печурки понекогаш може да се продаваат на улица. Смртоносните габи растат во планинските региони на западниот дел на Иран. Седуммина од загинатите се од областа Керманшах. Извештаите покажуваат дека досега најобилните врнежи во текот на изминатиот месец довеле до зголемување на бројот на печурки од вообичаено.