Свет 23. мај 2020. / 16:30

Десетгодишни деца во Франција играјќи си нашле заборавени златни прачки скриени во плакар

Десетгодишни деца во Франција играјќи си нашле заборавени златни прачки скриени во плакар

Две десетгодишни момчиња од Франција кои си играле во градината на семејниот дом во Вендом за време на карантинот против корона вирусот нашле вредно откритие.

Веднаш по воведувањето на карантин во Франција, нивните родители решиле да го напуштат Париз, каде што живеело семејството и да се преселат во семејниот дом во Вендом, југозападно од главниот град, пишува „Би-Би-Си“.

Децата сакале да направат куќа од гранки, лисја и чаршави во градината. Татко им им рекол да земат чаршафи од плакарот на нивната баба во собата за гости. Додека ги ваделе чаршафите од плакарот, на момчињата им паднале два прилично тешки предмети – раскажува Филипе Руилак, локален антиквар и колекционер за француската БФМТВ.

Необичните предмети не им биле интересни на момчињата, па затоа ги вратиле во плакарот. Но, кога му кажале на нивниот татко што се случило, тој ги замолил да ги донесат овие необични предмети, на почетокот мислејќи дека тие се држачи за нож на неговата баба.

Кога одблизу погледнал, го повикал Руилак и му испратил фотографии, а аукционерот објаснил дека се работи за две златни прачки, секоја со тежина од по еден килограм. И двете биле понудени на интернет аукцијата на аукциската куќа „Руилак“, а нивната вредност се проценува на 40.000 евра по парче.

Утврдено е дека нивната баба ги купила во 1967 година и дека имаат и сертификат за купувањето.

Цената на златото се зголеми како резултат на пандемијата на корона вирусот, така што ќе почекаме малку подолго за вредноста на прачките да порасне уште повеќе. Можеме да добиеме барем 100.000 евра – процени Руилак.

Сепак, момчињата не биле подготвени да се откажат од вредното откритие без компензација. Нивните родители ветиле дека ќе им изградат базен во градината.