Свет 31. јули 2020. / 15:19

Десет луѓе во Индија починале откако пиеле средство за дезинфекцја

Десет луѓе во Индија починале откако пиеле средство за дезинфекцја

Десет луѓе од индиската сојузна држава Андра Прадеш починале откако пиеле средство за дезинфекција на база на алкохол.

Во Индија продавниците за алкохолни пијалаци се затворени пради карантинските мерки воведени поради корона вирус, поради што зависниците конзумираат средства за дезинфекција.

Голем број индиски држави, меѓу кои и Андра Прадеш, во одредени места се уше го држат во сила карантинот поради пораст на новозаболени лица од Ковид-19. Во Андра Прадеш во изминатите месеци деветпати е зголемен бројот на инфицирани, а на ниво на цела Индија – трипати.

Во Индија од почетокот на пандемијата со корона вирус се заразиле над 1,6 милиони луѓе, а починале повеќе од 35.000 лица.