Претставници на француската Влада предводени од премиерот Едуард Филип ќе се сретнат со претставници на сите синдикати и работнички организации во Франција, кои протестираат поради плановите на претседателот Емануел Макрон за реформа на пензискиот систем.
Под силниот притисок, претседателот Макрон го назначи Лорен Петрачевски за нов државен секретар за пензии, откако поранешниот поднесе оставка поради судир на интереси.
Стотици илјади Французи вчера излегоа на улиците на градовите низ целата земја во знак на протест против пензиските реформи. Штрајкот, кој трае веќе две недели, го отежнува јавниот превоз во Франција.
Владата планира, меѓу другото, да ја помести старосната граница за пензија од 62 на 64 години, а синдикатите стравуваат дека Французите ќе треба да работат подолго за помали пензии.