Во Шпанија денеска се одбележува годишнината од терористичкиот напад во Барселона, во кој загинаа 16 лица.
Шпанскиот крал Фелипе VI и премиерот Педро Санчез , во Барселона присуствуваат на церемонијата на одбележување на годишнината од терористичкиот напад во кој загинаа 16 , а беа повредени 137 лица.
Комеморацијата почна со полагање цвеќе на плоштадот Ла Рамбла , каде што се случи нападот со комбе. Нападот , кој го потресе светот, се случи среде најголемото шеталиште во Барселона , кога комбе влета во толпата со огромна брзина и газеше се пред себе .