По едни од најконтроверзните претседателски избори и транзициски периоди во историјата на САД, Демократот Џо Бајден денеска напладне треба да даде заклетва и да ја преземе должноста претседател, на скалите на Капитол, под силно обезбедување во Вашингтон.
Кога ќе ја стави раката на Библијата, 78-годишниот Бајден ќе стане најстарата личност што дала заклетва како американски претседател и кратко потоа ќе влезе во Белата Куќа, заменувајќи го Доналд Трамп и станувајќи 46-ти претседател на земјата.
Првпат во 152 години, претседателот во заминување, во случајов Трамп, нема да присуствува на инаугурацијата, иако поранешните шефови на државата Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама треба да бидат таму кога претседателот на Врховниот Суд, Џон Робертс, ќе ја раководи заклетвата на Бајден на новата функција.