САД вчера ја одбележа 75-годишнината од Денот на победата во Европа (Victory in Europe Day), сеопфатен сојузнички армиски пробив со кој по цена на десетици илјади загубени животи на американски војници се стави крај на Втората светска војна на Стариот континент.
Сепак, поради корона вирусот Денот на победата не се одбележа со физички настани и не беше во фокусот на вниманието на јавноста.
По повод овој настан во САД се ораганизираа неколку медиумски настани: ТВ каналот „History“ емитуваше долга емисија за крајот на војната. Пентагон пак, на својот веб-сајт (https://www.defense.gov/
Главните победници во војната, САД и Русија, историските собитија што воделе кон крај на војната ги толкуваат различно. Најверојатно тоа е одраз на актуелната конфронтација меѓу двете најголеми нуклеарни сили.
Во војната загинаа над 60 милиони луѓе, меѓу кои во германските концентрациски логори масовно и систематски беа убиени шест милиони Евреи, трагичен настан познат како Холокауст.
Во Русија, Втората светска војна е позната ушта како и Татковинска војна. Победата во војната се слави на 9 мај и е еден од најважните датуми во историјата на земјата. Традиционално секоја година на 9. мај во Москва се одржува грандиозна воена парада во чест на Денот на победата, но годинава, поради пандемијата на корона вирусот, парадата е откажана.
Според руските закони, казниво е секое јавно истакнување на нацистички симболи или ликот на Хитлер и се осудува секое погрешно интерпретирање на настаните од тој период.
Така на пример, официјалната руска историографија не ги прифати толкувањата од мултимедијалната презентација на Министерството за одбрана на САД. На руските историчари најверојатно им смета формулацијата во која се вели дека „конфликтот почна во 1939 година кога Германија и Советскиот Сојуз ја окупираа Полска“.
Во објавената презентација, СССР повторно се споменува во улога на иницијатор на војната и покрај неговата улога во победата над Германија. Демек, советската улога не била толку силна, а основните напори за борбата со нацизмот ги направиле Америка и Франција – истакна историчарот Александар Добровољски во статија објавена за весникот „Московскиј комсомолец“.
Според него, воените историчари на Запад се обидуваат да ја „препишат и зачистат историјата на таа војна не само со туркање на Советскиот Сојуз подалеку во задните редови на земјите-победнички, туку и ставајќи ја рамо до рамо со Германија, една од земјите што ја разгорија Втората светска војна“.
За време на шестгодишншната војна, Советскиот Сојуз беше најмногу на удар и даде најголем број од жртвите во овој глобален конфликт – 25 милиони жртви.
Во меѓувреме, некои западни земји како Велика Британија и Изреал, не се толку критични спрема улогата на Советскиот Сојуз во војната.
Така на пример, британскиот премиер Борис Џонсон, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изразил признание за „одлучувачката улога на Советскиот Сојуз и неговите вооружени сили за постигнување победа над општиот непријател“.
Во сличен разговор со Путин, премиерот на Израел, Бенјамина Нетанјаху, ја истакнал улогата на Црвената армија во ослободувањето на Европа и уништувањето на нацизмот.