Свет 18. ноември 2019. / 10:38

Демонстрантите заземаа стратешки мост во Багдад

Демонстрантите заземаа стратешки мост во Багдад

Антивладините демонстранти во Ирак ја презедоа контролата врз третиот стратешки мост во Багдад, а блокира и голем број патишта во делови од централен и јужен Ирак по повикот за генерален штрајк.

Демонстрантите ја презедоа контролата над мостот Ахар преку реката Тигар, во близина на воспоставената „Зелена зона“, каде што се наоѓа ирачката влада и голем број странски амбасади. Безбедносните сили се распоредија од другата страна на мостот и подигнаа бетонски бариери за да ги спречат демонстрантите да влезат во областа.

Најмалку 320 луѓе се убиени, а илјадници повредени од почетокот на немирите во главниот град на Ирак и повеќето јужни провинции на 1 октомври