Свет 09. јуни 2020. / 16:00

Демонстрантите во Лос Анџелес нема да бидат обвинети за непочитување на полицискиот час

Демонстрантите во Лос Анџелес нема да бидат обвинети за непочитување на полицискиот час

Обвинителството во Лос Анџелес најави дека нема да обвини ниту еден од илјадниците демонстранти, кои беа приведени изминатите денови за непочитување полицискиот час, доколку тие не извршиле грабеж, вандализам или какво било насилство.

Наместо вообичаено казнување, од службата на обвинителот Мајк Фојер нагласуваат дека е изработен „вонсудски пристап“ за помали прекршоци во протестите за смртта на Џорџ Флојд, што во повеќето случаи беа непочитување на полицискиот час и одбивање да се тргнат од улиците.

Мирните протести се исклучително важни. Тие ги оживеаја потребните напори за промена на срцата, умот и институциите. Не можеме да ја пропуштиме оваа можност како што правевме многу често во минатото – се наведува во изјавата на обвинителството на Лос Анџелес.

Мајк Фојер сака да воведе нов пристап што ги обединува демонстрантите, спроведувањето на законот и другите гласови од локалната заедница за подобрување на дијалогот и разбирањето.

Шефот  на полицијата во Лос Анџелес, Мајкл Мур изјави дека целосно го поддржува овој нов пристап. Според Мур, употребата на алтернативни методи ќе има траен корисен ефект врз локалната заедница.