Толпа народ испровоцирана од руски пратеник ноќеска се судри со полицијата, во обид да упадне во парламентот на Грузија во Тбилиси, пренесуваат светските медиуми. По неколкучасовни немири, демонстрантите успеале да го пробијат полицискиот кордон и упаднале во Законодавниот дом. Демонатрснтите фрлале шишиња и други предмети кон полицијата, која одговорила со солзавец и гумени куршуми.
Судирите избија изненадно, по говорот на пратеникот во Долниот дом на рускиот парламент, пренесе Ројтерс. Опозицијата најави дека луѓето ќе останат на улиците се додека претседателот на собранието, Ираки Кобакидзе и неколку високи функционери не си поднесат оставки.
#Georgia: Anti-govt protest in #Tbilisi gets violent, demonstrators tried to storm parliament building https://t.co/GgkUXE7JkM pic.twitter.com/bnVOk0ct1f
— RT (@RT_com) June 20, 2019
Двајца демонстранти изјавиле дека се повредени од гумени куршуми. Руското влијание во Грузија останува политички чувствително прашање во оваа земја, која е сојузник на САД. Русија и Грузија од 2008 година, кога имаа краткотрајна војна, немаат диплоамтакси односи, а Москва ја призна независноста на двата отцепени региони Осетија и Абхазија, каде сега се стационирани руски трупи.