Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е загрижен дека може да се соочи со измама во случајот со руското мешање во изборите во 2016 година во САД.
Во интервју на Ројтерс, американскиот претседател изрази загриженост дека секоја изјава што ја дал на истражителите може да биде злоупотребена, како што е сучајот со поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, и дека сите политички несогласувања може да се искористат против него во таквиот случај.
“Ако јас кажам нешто и ако каже нешто Коми, тогаш е мојот збор против неговиот, а тој е најдобар пријател со Милер, поради што Милер би можел да рече: Му верувам на Коми и покрај тоа што јас ја зборувам вистината, сепак ќе бидам лажго. Тоа не е добро“ изјави Трамп.
Тој вели дека можел да ја преземе истрагата што ја води специјалниот советник Роберт Милер, но одлучил да остане надвор од неа. Според него, истрагата е лов на вештерки.
Русија, исто така, силно ги негира тврдењата за вмешаност во изборите во 2016 година, на кои Доналд Трамп го победи демократскиот ривал Хилари Клинтон.