Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат в понедленик да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија.
„…За претседателот Трамп треба да има импичмент и судење, смена од функцијата и дисквалификација… “, пишува во дел од верзија на поднесокот на демократите.
Според медиумот, барањето за импичмент ќе го поднесат конресмените-демократи Дејвид Сицилин, Тед Лиу и Џеjми Раскин. Потегот ќе биде преземен по упадот на приврзаници на Трамп на Капитол во средата.