Свет 08. април 2020. / 14:34

Демократите бараат 500 милијарди долари нова помош, удвојувајќи го планот на Трамп

Демократите бараат 500 милијарди долари нова помош, удвојувајќи го планот на Трамп

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоши и лидерот на малцинствата во Сенатот, Чак Шумер, во средата објавија заедничка изјава, во која бараат 500 милијарди американски долари да бидат дистрибуирани на „малите бизниси и работничките семејства“, во следниот круг на мерки на владино финансиско олеснување за погодените од пандемијата.

Според предлогот на демократите во Конгресот, 250 милијарди американски долари ќе бидат наменети за помош на малите бизниси, 100 милијарди долари за болниците и здравствениот систем и 150 милијарди американски долари за државните и локалните власти.

-Откако ќе заврши ова времено законодавство за вонредни состојби. Конгресот ќе се заложи да донесе Закон за „Здравствена Грижа 2“  со кој ќе го засилиме и прошириме овој двопартиски акт со цел да ги задоволиме потребите на американскиот народ, се вели во изјавата на Пелоси и Шумер, пренесува Блумберг.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 28 март годинава го потпиша Законот за економска помош во висина од две илјади милијарди долари, најголем пакет помош некогаш одобрен од Конгресот.

Пакетот содржи фонд од 500 милијарди долари за индустријата, и уште толку за мерката по 3.000 долари за секое американско домаќинство. Во пакетот вклучени се и 350 милијарди долари за кредити за малите стопанственици, како и 250 милијарди помош за невработените лица.