Велика Британија сака „конструктивни“ преговори со Европската унија за нивните односи по транзициониот период на „Брекзит“, изјавија денеска од Даунинг стрит.
Портпарол на владата на Велика Британија додаде дека Лондон не може да ги прифати барањата на ЕУ за одржување на статус кво на риболовот, според постојните правила, што ќе им овозможи на земјите-членки на ЕУ да риболоват слободно во водите на Велика Британиј.
Велика Британија инсистира дека секој иден договор треба да го земе предвид нејзиниот иден статус како независна крајбрежна држава по 2020 година.
Претходно, комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган, ја обвини Велика Британија дека не ги презема разговорите за Брегзит доволно сериозно.