Свет 06. јуни 2019. / 14:09

Данскиот премиер поднесе оставка

Данскиот премиер поднесе оставка

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен го призна поразот на парламентарните избори и денеска поднесе оставка.

Прелиминарните резултати на парламентарните избори покажуваат дека Данска би можела да стане трета нордиска земја која ќе ја избере левичарската влада.

Либералната партија на Расмусен освои 23,4 отсто од гласовите, што е подобро отколку порано, но поради големата загуба што ја претрпе националистичката Данска политичка партија, која ја поддржа неговата малцинската влада, тој веќе не ќе има мнозинство во парламентот од 179 места.

Локе Расмусен, изјави дека неговата влада ќе продолжи да функционира како преодна влада, додавајќи дека тој ќе предложи да се формира владејачка коалиција меѓу социјалдемократите и либералната партија, според ап.