Свет 04. декември 2019. / 10:22

Данска сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичкото Море поради Русија

Данска сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичкото Море поради Русија

Данските власти сакаат да ја зголемат воената контрола врз Арктичкото Море и воздушниот простор како одговор на зголемената руска активност во регионот. Тоа го истакна премиерката, Мете Фредериксен во пресрет на самитот на НАТО во Лондон.

Забележуваме зголемување на руското присуство околу Арктикот – рече Фредериксен во интервју за весникот „Берлингске“ додека лидерите на НАТО се собираа во Лондон.

Таа предложи зајакнување на „против-подморничкиот капацитет, како и надгледување на воздушниот простор над Арктикот со употреба на радари, сателити и авиони.

Мете Фредериксен рече дека планот, за што е потребно одобрување од Парламентот, нема да бара дополнителни трошоци, но ќе изнесува 1,5 милијарди дански круни (200 милиони евра) од постоечкиот воен буџет на државата.