Свет 26. март 2018. / 21:46

Дали знаете зошто ниту едно знаме на светот нема виолетова боја?

Дали знаете зошто ниту едно знаме на светот нема виолетова боја?

Знамињата на државите имаат најразлични бои, уграсени се со најразлични елементи. Но, ако добро забележите на ниту едно знаме нема виолетова боја.

Причината се крие во тоа што во минатото виолетовата боја била многу скапа. Во минатото таа се добивала од посебен вид морски полжави од Медитеранот. Биле потребни над 10.000 полжави за само еден грам боја. Оваа боја имала иста вредност како златото.

Виолетовата боја, во многу случаеви ја поврзуваат со кралските семејства затоа што само тие можеле да си дозволат да ја носат.

Кралицата Елизабета во 16 век наредила виолетовата боја да ја носат само кралските семејства и никој друг освен нив.

Римскиот император Аурелиј и забранил на неговата сопруга да купи виолетов шал бидејќи бил многу скап, во денешна вредност би чинел 50000 евра.

Престижниот статус на виолетовата боја бил променет во 1856 година кога студентот Вилијам Хенри Перкин, пробувајќи да најде лек за маларија, случајно открил начин како да произведе сиснтетичка виолетова боја.

Откако бил олеснет начинот на добивање на виолетовата боја таа станала достапна за сите и тогаш почнала да се појавува и на знамињата на државати.