Свет 02. март 2021. / 12:03

Дали на ЕУ и следува тотален распад на стратегијата за вакцинирање

Дали на ЕУ и следува тотален распад на стратегијата за вакцинирање

Европската унија по втор пат за време на пандемијата се соочува со сериозни предизвици.

Првиот пат, по појавата на новиод вид на корона вирус во Европа, државите дополнително ги затворија границите со што секој почна да води сопствена епидемиолошка политика. Сега во потполност пропадна заедничката политика за набавка на вакцини, како и планот за вакцинација кој ЕК го сугерираше кон земјите членки. Дел од лидерите остро ја нападнаа шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, а другите панично започнаа да бараат алтернативни решенија.

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен подготвува нов европски план за вакцинација

Со оглед на тоа дека во Германија има четири пати помалку вакцинирани отколку во Велика Британија, како и 12 пати помалку него Израел, германскиот министер за финансии изјави дека стратегијата за вакцинација на ЕК е „тотал шит-шоу“. Шефицата на Комисијата, пак, итно се обидува да ги мобилизира производствените ресурси, врши притисок на поединечни производители на вакцини, а подготвува и нов европски план за вакцинација, но е јасно дека заради погрешни проценки и лабави договори ЕУ со месеци ќе доцни со вакцинирањето, пишува Јутарњи лист.

Австрија и Данска во иднина повеќе нема да се потпираат на ЕУ и ќе работат заедно со Израел, изјави австрискиот канцелар

Еден од тие кои изгубија трпение е австрискиот канцелар Себастија Курц кој се обидува да организира самостојно производство на вакцини со Данска и Израел и да излезе од рамката на единство на ЕУ политиките. Интересно е дека, изненадувачки Курц се одлучи и за смена на насоките на епидемиолошката политика залагајќи се сега за што побрзо отворање на земјите.

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се вакцинираше со кинеската вакцина против коронавирус

Веројатно најагресивен по прашањето за напуштање на заедничката политика за добавувањ вакцини и планот за вакцинација е Унгарија. Лидерот на земјата Виктор Орбан ја напушти заедничката ЕУ стратегија па со Кина и Русија договори набавка на значајна количина од нивните вакцини.

Во Унгарија граѓаните веќе ја примаат вакцината на кинескиот Синофарм, што значи дека Унгарија го прекрши консензусот на ЕУ земјите според кои ниедна земја не треба да користи ниту една вакцина која не е одобрена од Европската агенција за лекови, како и вакцини кои не се обезбедени низ заедничка шема за набавка. Освен кинеската вакцина, Унгарија набави и значајни количини на руската вакцина Спутник V, а Орбан порача: „Кога би ги немале кинеските и руските вакцини, би биле во голема невоља“.

Со 18,3 вакцини на 100 луѓе Унгарија до крајот на минатата недела успеа да постигне 50% поголема вакциналност на населението отколку Данска, втора најуспешна по бројот на вакцинирани во ЕУ.

Инбаку, Унгарија е една од земјиоте од истокот на Европа во која јасно е видливо формирање на третиот европски бран на пандемијата во однос на бројот на регистрирани случаи. Трет бран на пандемијата забележан е и во Чешка и Словачка, земји кои веќе подолго време спроведуваат радикални епидемиолошки мерки, но имаат многу неповолен тек на пандемијата.