Свет 21. јуни 2018. / 13:14

Дали е НАТО алијансата во криза?

Дали е НАТО алијансата во криза?

Членките на НАТО годишно трошат по 920 милијарди долари на одбрана, од кои 700 милијарди се трошоци кои ги плаќа САД, додека сите останати 28 членки, заедно трошат 220 милијарди долари. Според администрацијата на претседателот Доналд Трамп, ова е нефер однос кон САД кој треба да се промени.

Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека ваквата нова политика засега го има поделено НАТО, и дека со заеднички сили, членките ќе се обидат да изнајдат излез од моменталните несогласувања. „На Европа и Сев.Америка им е потребна блискост како никогаш до сега“ вели Столтенберг, не потенцирајки кога и на каков начин би се надминале ваквите недоразбирања.

Доналд Трамп освен што ги критикуваше партнерите во НАТО поради премалите буџети за одбрана, директно ја критикуваше и германската канцеларка Ангела Меркел поради загрозувањето на безбедноста во кризата со имигрантите. Кои од овие проблемим ќе добијат на приоритет, и како тие понатаму ќе се се решаваат, ќе се дознае на следниот самит на НАТО кој треба да се одржи na 11 12 јули година.