Свет 28. септември 2018. / 21:55

Цунамито во Индонезија збриша се пред себе, има и жртви

Цунамито во Индонезија збриша се пред себе, има и жртви

Цунамито кое било со висоина од три метри, предизвикано од силните земјотреси кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси уништи куќи во најмалку две населени места.

По цунамито има и исчезнати лица, меѓутоа засега нивниот број е непознат, властите немаат информации ниту пак за повередени или загинати.

Двата силни земјотреси кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси, беа еден со јачина од 6,1 и вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Сутопо Панво Нугуро, портпаролка на Агенцијата за вонредни состојби, рече дека цунамито го погодило местот Пал, главниот град на централната провинција и помалиот град Донгала, објави „АП“.