Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, ќе мора да сведочи пред Комитетот за трговија на американскиот Конгрес поради кршење на Законот за заштита на личните податоци на корисниците, пренесува БиБиСи.
Фејсбук се соочува со жестоки критики во врска со користењето на податоците на повеќе од 50 милиони корисници.
Сослушувањето е закажано за 11 април. Цукерберк го прифатил повикот за изјава пред комитетот.
„Ова сослушување ќе биде исклучително важно за давање на носо светло на ова прашање за заштита на податоците на корисниците“ – беше соопштено од комитетот