Свет 27. јули 2018. / 10:02

Цукерберг изгуби рекордни 16 милијарди долари

Цукерберг изгуби рекордни 16 милијарди долари

Акциите на компанијата „Фејсбук“ паднаа нагло надолу кога мрежата на социјалните медиуми ги предупреди инвеститорите за забавување на добивката и зголемување на трошоците. Акциите на фирмата паднале речиси 20 отсто, пад што избришал повеќе од 124 милијарди долари од пазарната вредност на „Фејсбук“.

Компанијата соопшти дека очекува да ги зголеми трошоците 50 отсто или повеќе бидејќи се обидува да го подобри начинот на надгледување на содржините, ги следи рекламаторите и ги третира корисничките податоци – области во кои се соочува со регулаторен надзор.

Фирмата исто така ги предупреди инвеститорите дека растот на приходите ќе биде повреден бидејќи луѓето ги користат новите опции за ограничување на рекламирањето и помалку профитабилните странски пазари.

Прогнозата на „Фејсбук“ се случи кога фирмата се соочува со рефлексија поради ракувањето со лажни вести и кориснички податоци.