Bo 20 департмани од северна Франција е издадена црвена највисока фаза на претпазливост, што е без преседан во Франција, објави Метео Франс.
–Шест други департамни се во портокалово ниво. Денеска температурите во сенка изнесуваат помеѓу 36 и 42 Целзиусови степена, со најава на нов пораст за утре – јавува дописникот на МИА.
Париз, неговиот регион, Ил-де-Франс, дел од Нормандија и Шампањ, сега од 16 часот се ставени во црвена претпазливост од страна на Метео Франс поради топлотниот бран. За првпат од создавањето на оваа алатка во 2004 година, за подобро предупредување на граѓаните, има толку многу департмани во највисоката фаза на претпазливост.
На крајот на јуни, овој симболичен праг на црвено алармирање веќе беше преминат од четири департмани на југот од Франција.
Веб-страницата на Метео Франс објаснува дека за време на „црвената фаза“ – „сите сме загрозени, дури и здравите лица“.
Температурите би можеле да ги надминат историските рекорди во во Париз. Истовремено над 80 француски департмани се соочуваат со недостиг од вода, посебно за наводнување, поради слабите зимски врнежи.
Последица од тоа е што многу земјоделски култури повеќе не се наводнуваат, а се намалува и производството на електрична енергија на нуклеарните централи кои не можат да функционираат без водата за разладување.