Поради поројните дождови Метеоролошка служба на Шпанија денеска соопшти дека има зголемена опасност од поплави во 12 провинции.
Најтешка е состојбата во автономната област Валенсија. Во исто време во две од нејзини провинции – Аликанте и Валенсија, алармот за опасно време беше подигнат на највисоко – „црвено”. Во другите случаи службата го подигна алармот на „жолто” или „портокалово”.
Претходно, поројни дождови наврнаа во континентална Шпанија, над Канарските и Балеарските Острови, а во некои случаи предизвикаа и поплави. Патениот сообраќај се одвива отежнато на голем број патишта.
На остров Тенерифе поради огромните барнови, предизвикани од бурата, вчера беа евакуирани жителите од една од крајбрежните згради. Силните бранови ги искршија стаклата на прозорците на првите катови на зградите.
Весникот „Мундо” објави дека 83-годишна жена починала како резултат на стихијата во општина Вивиер (автономна област Галиција), откако реката Лабраб се изли од коритото поради поројните дождови.