Свет 28. март 2018. / 12:49

Црна Гора протерува еден руски дипломат поради „Случајот Скрипал“

Црна Гора се придружи на поддршката за Обединетото Кралство и еден руски дипломат прогласи за непожелно лице и за тоа ја извести Амбасадата на Руската Федерација Подгорица, пренесоа македонските медиуми.
– Владата на Црна Гора донесе одлука да прогласи еден дипломатски претставник акредитиран во Амбасадата на Руската Федерација за „персона нон грата“ и да ја повлече согласноста за дејствувањето на почесниот конзул на Руската Федерација во Црна Гора. За мерките е известена Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица со рок од седум дена
дипломатскиот претставник да ја напушти земјата, соопштила Владата во Подгорица.
Црна Гора одлуката ја донела координирано со сојузниците и во согласнот со мерките преземени од земјите членки на Европска унија и на НАТО поради дејствувањето на Русија и
нападот со нервен агенс на територијата на Велика Британија.