Бројот на смртните случаи од корона вирусот во Шпанија, во последните 24 часа, изнесува 769 лица, што претставува речиси 19% повече од претходното деноноќие, соопштија здравствените служби. Ова претставува најголем пораст на фаталните случаи од почетокот на епидемијата во државата.
Во моѓувреме, бројот на потврдени сличаи со Ковид-19 достигна 64.059 лица, шта претставува зголемување за 7.871 лице или 14% повеќе во споредба со четвртокот. Но, наспроти тоа, порастот на новозаболените во Шпанија се забавува, зашто последната бројка новорегистрирани е помала од претходната, што изнесуваше 8.578.
Според шпанските служби, вкупно 9.357 лица во државата успешно се излекувале од заразата, додека 4.165 лица се наоѓаат на интензивна нега поради критичната состојба.