Свет 17. ноември 2018. / 17:06

ЦИА откри кој го нарача убиството на Кашоги

ЦИА откри кој го нарача убиството на Кашоги

ЦИА смета дека наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул ја издал саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

„Вашингтон пост“ објави дека ЦИА до ваквиот заклучок дошла врз основа на сознанијата од повеќе извори на разузнавачките служби, вклучувајќи и од телефонските разговори на братот на престолонаследникот, принцот Халид бин Салман и на саудискиот амбасадор во САД со Кашоги, за кои сведочеле луѓе блиски до кралското семејство.

Според овие сведочења, принцот Халид му рекол на Кашоги дека треба да оди во саудискиот генерален конзулат во Истанбул, каде што беше убиен, со цел да ги земе потребните документи за неговата венчавка, гарантирајќи му дека е безбеден.