Свет 12. мај 2018. / 13:30

Чудо ги спаси од сигурна смрт: Група гепарди бркаа туристи (ВИДЕО)

Чудо ги спаси од сигурна смрт: Група гепарди бркаа туристи (ВИДЕО)

Видео снимка од семејство кое бега од група гепарди во националниот парк во Холандија денеска го видеа милиони корисници на Јутјуб.

Снимката која е направена во понеделникот во националниот парк Бексе Берге, прикажува семејство од Франција како излегува од автомобил за да им доближат на диви гепарди.

Во националниот парк животните живеат полуслободно, а дивите мачки им пријдоа на само неколку метри.

Робин Граф, кој го направил видеото вели дека се уште е шокиран од случувањето.

-За малку ќе присуствувавме на масакр врз цело семејство, изјави за телевизијата НОС.

Според него, тој и неговата мајка се обиделе да им дадат знак на туристите да се вратат во автомобилот, но тоа поминало без успех.

Снимката денеска има повеќе од 2,5 милиони прегледи.