Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 надмина 250.000, што претставува уште една застрашувачка бројка како последица на пандемијта на новиот вирус, додека случаите низ целиот свет продолжуваат да растат со над 3,5 милиони заразени.
По бројот на заразени САД е убедливо на првото место со регистрирани 1 ,209,703 случаи, од нив починати се 69,476 лица. Шпанија е на второ место со 248,301 заразени и 25,428 смртни случаи, околу 3,500 илјади помалку од Италија која се наоѓа на третото место со 29,079 починати и 211,938 регистрирани заразени со корона вирус.
На четврто место е Велика Британија каде вчера починаа 288 луѓе, што е најмалку од почетокот на март. Вкупно досега од Ковид-19 во земјата починале 28.734 луѓе. Новозаразени се 3.985, а вкупниот број заболени случаи достигнаа 190.584.
Следуваат Франција и Германија со 169,462, односно 165,940 регистрирани, но Германија бележи далеку помалку смртни случаи 6,943 за разлика од Франција каде од Ковид-19 починати досега се 25,201 лица.
Земјо над 100 илјади заразени се Русија 145,268, Турција 127,659 и Бразил 105,222 случаи.
Кина има зачудувачки ниски бројки. Вчера се регистрирани само 3 случаи, нема починати, а активни се 481 случаи, но нема информации за извршени тестирања, според мерачот за Ковид-19, ворлдометерс.