Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе ја заврши операцијата на северот на Сирија, откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тоа подрачје, јави агенцијата Анадолија.
– Согласни сме во врска со собирањето на тешкото оружје на ЈПГ (Единици за народна заштита н.з.), уништување на нивните позиции и тврдини – изјави Чавушоглу пред новинарите по состанокот на делегациите на САД и Турција во Анкара.
На состанокот во Анкара е договорено дека турската операција „Извор на мирот” на северот на Сирија ќе биде запрена на 120 часа.
– Меѓутоа, привременото запирање на операцијата не значи повлекување на нашите војници и нашите сили. Ќе бидеме таму и понатаму, ќе продолжиме да делуваме – рече Чавушоглу.
Тој додаде дека привременото запирање на операцијата не е примирје, затоа што како што рече, примирје може да се прави само помеѓу две легитимни страни.
Чавушоглу нагласи дека Турција никогаш нема да влегува во било какви преговори со терористите.