Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу ја обвини Франција дека и испорачува оружје на Либија.
– Има некои земји кои се обидуваат да го спречат повикот на претседателите на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија. Франција се обидува да ја саботира секоја иницијатива во која не учествува. Франција, преку испораките на оружје во Либија, го овозможува продолжувањето на хаосот – изјави турскиот министер за надворешни работи.
Во моментов врз Либија е активно ембаргото за увоз на оружје.
Чавушоглу, исто така, изрази надеж дека Либиската национална армија (ЛНА) на маршалот Калифа Хафтар ќе се согласи да се приклучи кон иницијативата на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за воспоставување на режим за прекин на огнот од недела на полноќ (12 јануари).