Свет 30. август 2018. / 14:19

Будистички монах во Индија е уапсен – злоставувал 15 момчиња (ВИДЕО)

Будистички монах во Индија е уапсен – злоставувал 15 момчиња (ВИДЕО)

Полицијата го уапсила будистичкиот монах кој што е обвинет за сексуално злоставување на деца во познат будистички центар во источна Индија.

55-годишниот монах кој што бил по потекло од Бангладеш, уапсен бил во текот на вчерашниот ден во Бод Гаја, познатиот будистички центар во индиската сојузна држава Бихар.

Од полицијата соопштија дека испитале 15 момчиња на старост од 10 до 12 години од кои што неколку деца на своите родители им се пожалиле на „чудно однесување“ на монахот во будистичкиот центар.

 

Бод Гаја инаку е познат будистички центар во Индија за кој што се верува дека е местото на просветлувањето на Буда и се наоѓа на околу 100 километри јужно од Патна, главниот град на сојузната држава Бихар.