Гувернерот Рикардо Росело потврди дека истражувањето било направено врз научна основа.
Речиси 3.000 луѓе настрадале од ланскиот ураган Марија којшто ги опустоши Карибите покажаа резултатите од студијата нарачана од владата на Порторико. Најновите податоци се разликуваат од првичните извештаи во кои беа внесени 64 смртни случаи.
Гувернерот Рикардо Росело потврди дека истражувањето било направено врз научна основа.
Белата куќа ги поддржува напорите на владата на Порторико за обнова на островот по катастрофалниот ураган.