Свет 09. мај 2020. / 11:15

Бројот на заразени со корона вирус во светот надмина четири милиони

Бројот на заразени со корона вирус во светот надмина четири милиони

Бројот на заразени со корона вирус во светот надмина четири милиони, објави веб-страницата Ворлдметерс.

Повеќе од 275.000 луѓе починале, а 1,38 милиони луѓе оздравеле од болеста.

САД имаат најмногу заразени, 1,3 милиони, а таму има и најмногу смртни случаи, повеќе од 78.000.

На второ место по бројот на заразени (260.117) е Шпанија, каде што починале 26.299 лица.

Во исто време, втора земја во однос на смртноста е Велика Британија со над 31.000 смртни случаи, а над 211.000 лица се заразени.

Во Италија има 217.118 заразени лица, а 30.201 лица починале. Во Франција има повеќе од 26.000 смртни случаи, каде што се заразени над 176.000 луѓе.