Свет 05. април 2020. / 10:15

Бројот на заразени од корона вирусот во светот надмина 1,2 милиони

Бројот на заразени од корона вирусот во светот надмина 1,2 милиони

Повеќе од 1,2 милиони луѓе во светот се заразени новиот корона вирус, поточно според податоците на „Worldometers“ заразени се 1.203.143 луѓе.

Според сајтот, до денеска епидемијата зафатила 206 земји и територии низ светот, починале 64.747 луѓе, а 246.760 се излечиле.

Во моментов има 891.636 активни случаи, од кои 95 проценти или 847.541 имаат умерена клиничка слика, а пет проценти, или 44.095 се во сериозна состојба.

Поголемиот дел од заразените се во САД со 311.637 потврдени случаи и 8.454 починати.

Италија е земја со најмногу жртви, односно 14.362 починати.