Свет 14. април 2020. / 14:08

Бројот на починати од корона вирус во Велика Британија се искачи за 2.100 лица за една недела

Бројот на починати од корона вирус во Велика Британија се искачи за 2.100 лица за една недела

Смртта на уште 2.100 лица се поврзува со корона вирусот во Британија и во Велс заклучно со 3 април, соопштија денеска официјалните власти.

Според Канцеларијата за национална статистика, досега има 6.235 починати од ковид-19 до 3 април наспроти бројката од 4.093 починати која ја дава Министерството за здравје и социјална грижа.
Разликата е во тоа што во вкупните починати се бројат и тие што починале во старските домови или во своите домови, а во умрениците им е наведена како причина за смртта – корона вирус.

Во неделата до 3 април во Британија и во Велс се регистрирани вкупно 16.387 починати, што е највисок број во однос на мерењата што се водат неделно од 2005 година наваму. Од нив, 3.475 се поврзани со коронавирус, што е 21% од сите причини за смрт.

Во Лондон речиси 46,6% од починатите во таа недела се поврзани со Ковид-19.