Снегот предизвика хаос во сообраќајот на места во Германија и Австрија, каде властите поради опасност од лавини ги затвориле патиштата и железничките линии, додека на аеродромите се откажани бројни летови.
На аеродромот во Минхен, кој е втор по големина во Германија, откажани се 120 летови, а останатите доцнат бидејќи работниците го чистат снегот од пистите и мразот на авионите.
Австриската железничка компанија соопшти дека откажа неколку железнички линии поради опасност од лавини.
Затворени се и неколку патишта, вклучувајќи ги сите околу Бишофшофен, каде се одржува турнирот во скијачки скокови.
Регионалните власти во Салсбург ги предупредуваат скијачите да не одат надвор од стазите, бидејќи се очекува лавина.
Околу 600 мештани и туристи се блокирани поради снег во селото Шолктал.
Метеоролозите за наредните денови најавуваат значајни снежни покривки на југот од Германија, Австрија и Швајцарија.